

ќе ја направи услугата брза, а искуството на
гостите незаборавно.

ПОС - Апликација на допир за келнери со голем број на функционалности
Системот овозможува користење без ограничување на бројот на уреди, брзо и ефикасно правење на нарачки и издавање на сметки, како и поврзување со RFID картички и алки за поголема брзина и сигурност при процесирање на информации.

Мобилна апликација
Функционира на сите Android уреди, што значи дека може да се користи флексибилно на различни мобилни телефони и таблети. Со тоа се овозможува мобилна нарачка и наплата, како и значително зголемување на обртот на маси и ефикасноста на услужниот процес.

Магацинско работење за ресторан
Tочни информации за залихите на суровини во реално време, достапни се над 50 извештаи за приходи и трошоци, а системот овозможува и подесување на нормативи и формирање на рецепти. Исто така, постои можност за анализа на вработените и доделување на различни привилегии, со голема и детална аналитика.

Систем за во кујна и шанк
Сите нарачки автоматски се прикажуваат на телевизор или монитор, што овозможува јасен преглед за кујната, додека келнерите добиваат известување кога нарачката е подготвена. Исто така, можно е да се промени количината на нарачани производи по потреба.

Менаџерска апликација
Ресторанот може да се следи во реално време со целосен извештај за промет, зафатеност на масите, потрошувачка на суровини и продажба на артикли. Сопствениците имаат пристап до корисна аналитика која помага во носење на подобри деловни одлуки.

Резервации на маси
Модулот за резервации овозможува креирање на шеми за објектот, следење на историја на клиенти за минати резервации, и истовремено креирање и преглед на резервации од кој било уред. Достапна е и функција за испраќање SMS потсетници за резервирани термини.

Дополнителни on-demand модули
Лојалти програма – Собирање и наплата со поени и попусти
Happy hour - Автоматско менување на цени
Модул за достава и историја на клиенти
Поврзување со службен телефон
Меѓу-магацински трансфер на роба
Состојба на залиха во реално време
Интеграција со нарачки од веб
Mодул за бројки за чекање на ред при нарачки
Често Поставувани Прашања
Цената е во зависност од кои модули сакате да ги користите, со повеќе одбрани модули следи определен попуст. Ве повикуваме на презентација за да видите што би добиле.
Има 2 пакета. Едниот е во работни денови а другиот вклучува и неработни денови кога сме достапни за решавање на проблемите. Ваше е кој пакет сакате да го одберете.
Да, правиме секакви видови на софтвер доколку имате јасна цел и знате што би сакале да добиете.
Нашето искуство започнува од 2000-та година и постојано ги следиме новитетите и модерните технологии и постојано ги унапредуваме нашите софвери.