HOSPES

СОФТВЕР ЗA
ХОТЕЛСКО РАБОТЕЊЕ

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСКИ НА СОФТВЕРОТ за ХОТЕЛСКО РАБОТЕЊЕ

Со овој софтвер не добивате само функционална алатка, туку најважно е од се  дека добивате технологија на работење и управување со ресурсите на вашиот хотел .

СМЕСТУВАЊЕ

Пријава и одјава на гости поединечно и групно. Внесување податоци со скенер или рачно.

КРЕИРАЊЕ ДОКУМЕНТИ

Изработка на понуди, про-фактури и фактури. Автоматско креирање на излезни документи.

УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗЕРВАЦИИ

Напреден систем за резервации со синхронизиран динамички календар.

ПРИЛАГОДУВАЊЕ

Софтверот може да се прилагоди за секаков тип на хотели.

СТАТИСТИКА

Статистика за работењето и успешноста.

ИЗВЕШТАИ РАЗНИ

Преглед на работењето (промет, резервации, одјави и друго …)

ИНТЕГРАЦИЈА

Интеграција со други алатки, интерфејси и мобилни апликации.

CHANNEL MANAGER

Автоматско интегрирано управување и резервации од интернет канли во софтверот (Booking, Expedia, GDS, HRS и други)

ПРЕДНОСТИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА СОФТВЕРОТ

  • Побрза и поквалитена услуга кон гостите
  • Зголемување на ефикасноста на работењето на хотелот
  • Преглед на севкупното работење
  • Контрола однадвор
  • Следење на состојбата на собите и резервациите во реално време
  • Брза пријава и одјава на гости
  • Современ и модерен начин на работење со користење напредни алатки
  • Лесна и брза имплементација и употреба
  • Долгогодишно искуство на работење со хотелските објекти.
  • Одлична 24/7 техничка подршка
  • Корисничка околина блиска и разбирлива за вработените
  • Пренесено искуство од стручни лица и стручна литература од областа на хотелиерскиот менаџмент за креирање на софтверот.

HOSPES работи на windows 10 и android уреди

Со овој софтвер не добивате само функционална алатка, туку најважо е дека добивате технологија на работење и управување со ресурсите на вашиот хотел. Неколку главни одлики на хотескиот софтвер се наведени подолу, а за останатите функционалност и детали побарајте презентација или состанок.

WIN 10 – .NET

Развиен е во .NET Десктоп технологија Може да се инсталира на секој тип харверски уреди (Десктоп компјутери, All in One, Laptop)

СOФТВЕР ЗА СЕКАКОВ ВИД ХОТЕЛИ

Софтверот HOSPES е наменет  за  користење во хотели од најмала категорија па се до големи ресорти. Автоматско ажурирање податоци во реално време.

ЛЕСЕН И КОМПАКТЕН

Софтверот е лесен и едноставен за работа што го прави да биде совршена алатка за Вашиот хотел и лесно прифатлив од персоналот што ќе го користи. Инсталација и лиценцата за софтверот  е на вашиот сервер при што не е поребно да купувате повеќе лиценци за пооделни компјутери во  хотелот. На овој начин значително ќе ги намалите трошоците за лиценци.

ФУНКЦИОНАЛЕН

Во HOSPES се вградени сите потребни операции за успешно водење на хотелот а за возврат персоналот има повеќе време да се се посвети кон своите гости. Добивате функционален софтвер за сеопфатна работа на рецепција и останатите сегменти во хотелскиот објект.

ВИСОКО НИВО НА СИГУРНОСТ

Софтверот е сигурен и не дозволува манипулации со записите со кои располагате при работењето. Водено е сметка за заштита на лични податоци на гости согласно законските прописи и регулативите на хотелите. Автоматски Backup на податоците се прави согласно правилата и потребите на хотелот.

КОРИСНИЧКИ ПРИСТАП

Задавање улоги на вработени. Со тоа можете да ги ограничите овластувањата за пристап на пооделни сегменти на софтверот. Едноставен и сигурен пристап со историја на корисничките активности

МОДУЛ за РЕЗЕРВАЦИИ

(интегриран со Channel Manager) Одличен преглед од  динамичен календар на зафатеност на хотелот,  со сите потребни информации за резервациите. Изработката на резервација дали била единечна или групна директно од рецепција, од оддел за резервации или  пристигнати од  ОТА (преку онлајн канали) се сихронизираат автоматски во реално време. Можност на задавање OPTION DATA на резервации и следење на статусот на резервациите.

ПРИЕМ НА ГОСТИ  – РАЧНО

или СО СКЕНЕР НА ДОКУМЕНТИ Едноставен и брз прием на гостите од резервации или директни(Walk-in), со користење на скенер на документи кој ги предава сите информации од патните исправи во софтверот. Се намалуваат грешките при внесување и многу брз прием на голем број гости за кратко време. Рецепцијата има можност за дополнителни измени и корекции. Предвремена наплата на престојот на недојавен гостин или цела соба.

ГОСТИ ВО ХОТЕЛОТ и ЕКСТРА УСЛУГИ

Податоците за внесените гости  може да се дополант и корегираат, да се задолжат со екстра дополнителни услуги, да се постви потсетик,  преместување во друга соба и многу други корисни алатки за следење и водење на тековните гости. Модeлите се интегрирани и синхронизирани со софтверот за ресторанско работење (BARRESTO), софтверот за собарки од кој што се празни мини бар и се евидентира во материјалното работење и со софтверот за евиденција од телефонска централа.

СОФВЕР ЗА СОБАРКИ

Мобилна андроид апликација за собарки поврзана со материјално работење и рецепција. Собарките добиваат задачи од рецепција који соби се за средување, евидентираат потрошувачка на мини бар по собите (автоматска синхронизација со магацин и собна сметка), пријавуваат грешки или оштетувања во собите кон техничка служба. За сите активности на собарките  има извештаи на реализација. Се намалуваат грешки во коминикација рецепција-собарки

ОДЈАВА И НАПЛАТА

Брза и едноставна одјава на гости со разни можности и корсни функции. Еднична одјава по соба или гостин од собата, групна одјава на повеќе соби оддеднаш, одјава на пооделни гости од групата итн. Посебна наплата на екстра услугите или заедно со одјава на собата. Наплата во готово, картичка , фактура или комбинирана наплата. Сметки одјавни можат да бидат на МК,  ЕНГ  јазик или и девете заедно. Автоматска поделба на даноци и печатење на фискална при одјавана сметка. Рецепционерите неможат да направат грешка при наплата во износите за престојот, туристичката такса, екстра услугите  и даноците.

КАСОВИ ИЗВЕШТАИ И ПРОМЕТ

По секоја наплата износите се евидентираат во касови извештаи. Преглед на касовите извештаи е можен за тековен ден или за неограничен период наназад . Не е потребно чекање на крајот на денот за ажурирање на податоците туку секоја наплата е во реално време се ажурирана. Преглед на извештаи по вработени, детално по  сметки, сумарен извештај по типови наплата и даночни стапки и многу други извештаи за прометот.

РАЗНИ ИЗВЕШТАИ ОД ЗАМИНАТИ ГОСТИ

Детална анализа на заминати гости, статистика по ноќевање и број на гости, статистика на посетеност по држави , остварени екстра услуги во хотелот, гости до гратис престој, одјави со попусти, извештај на телефонски повици од соби, преглед по типови гости индивидуални, групни, компаниски и многу други извештаи.

ИЗВЕШТАИ ЗА ПРИХОД

Преку извештаите за приходите (Revenue Reports) имате целосен и детален преглед на работењето на хотелот во минатиот, сегашениот и во иден период. Управувањето со приходите е популарен концепт во хотелската индустрија и се користи за оптимизирање на финансиските резултати на хотелот или одморалиштето со максимизирање на приходите. Прифатената дефиниција е: продажба на вистинската хотелска соба, на вистинскиот клиент, во вистинско време, за вистинската цена, преку вистинскиот канал, со најдобра ефикасност во трошоците.

ИНТЕГРИРАНИ ФУНКЦИОНАЛНОСТИ

Проврзаност со телефонска централа (атоматско тарифирање и задолжување на соба). Интернет резервации (Channel Manager). Систем за собарки.Скенер за лични и патни исправи. Систем за наплата од BARRESTO. Pay TV (во зависнот од постоечкиот на хотелот). Поврзаност со софтвер за фактури и долгувања

КОНТРОЛА ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ

Релаксиран и задоволен менаџер со целосна контрола на работењето на хотелот во реално време. Синхронизирано и автоматизирано со Андроид мобилна апликација за менаџери.

Со овој софтвер добивате интегрирана алатка Channel Manager за резервации и менаџирање на продажбата на собите од и кон ОТА (Online Travel Agency)  каналите директно преку софтверот ХОСПЕС

ПРЕДНОСТИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА СОФТВЕРОТ
  • Channel Manager ви овозможува лесно управување со цени и дистрибуцијата на достапноста на соби од вашиот хотел.
  • Неговата функција е изненадувачки едноставна
  • Channel Manager ќе ги зголеми директните резервации во хотелот
  • Немора повеќе да го ажурирате вашиот календар рачно од интернет резервации
  • Избегнувате пребукирање и дуплирање на резервации во хотелот
  • Лесно и брзо затварање и отварање соби за продажба кон сите канали оддеднаш.
  • Управување на ценовна политика со полесно менување и поставување цени кон сите канали оддеднаш од едно место.
  • Ги обединува други системи за локални резервации од HOSPES
  • Многу хотели кои имаат усвоено Channel Manager ги користат придобивките од зголемена продуктивност и приходи.

.NET Desktop App

Channel Manager алатката за дистрибуција на резервации и е интегриран дел од софтверското решение ХОСПЕС со двонасочна XML комуникација. Овозможени се сите пет функционалност при менаџирање на собите од  Online пристигнатите  резервации.

СИГУРЕН

Сигурен, брз и синхронизиран со останатите делови од резервацискиот систем на софтверот ХОСПЕС. Формирање на локална рачна резервација (поединечна или групна) од одделот во хотелот веднаш ги затвара зафатените соби, оддеднаш кај сите ОТА канали.

ЛЕСЕН ЗА КОРИСТЕЊЕ

Лесно управувате со резервациите (зафаќање соба, модификации и откажувања), менување на цените , отварање/затварање на соби за продажба и сето тоа од едно место без потреба од  пристапување на повеќе страници за интернет резервации. Можност за менаџирање одеднаш повеќе канали или одделно посебно во зависнот од потребите на хотелот.

АВТОМАТИЗИРАН

Автоматизираното управувањето со пристигнатите резервации е многу ефикасно и паметно, го намалува ризикот од грешка на персоналот и ја зголемува продажбата на хотелските соби со постојано форсирано качување на празни соби на каналите.

МОЌНА АЛАТКА ЗА ПРОДАЖБА

CHANNEL MANAGER е моделот на распределба и продажба на соби посакувана за користење од секој сопственик на хотел. Резервацијата направена онлајн за вашиот хотел, мора да се ажурира брзо, едноставно и без гршки низ сите поврзани канали.

СЕКОГАШ ПРИСТАПНИ НА ОТА ПРОДАЖБА

Нема ограничување на број на ОТА (Online Travel Agency).  Channel Manager во реално време е поврзан и синхронизиран со вашите одбрани интеренeт канали: Booking.com,  Expedia, HRS, Agoda.com, TripAdvisor, GDS (Global Distribution System)…

Апликација за мобилен телефон наменето за менаџери за следење на состојбата на Хотелот и кога не сете присатни во него.

ANDROID APP

Апликација развиена за Android мобилни уред кои се одликуваат со достапност на пазарот и ниска цена

ЗАФАТЕНОСТ НА ХОТЕЛОТ

Во реално време ја имате зафатеноста и исполнетоста на собите  во Вашиот хотел и многу други информации

ПРЕГЛЕД НА ПРИМЕНИ ГОСТИ

Во секое време добивате преглед на пријавени гости во хотелот со детални податоци за престојот и износи на екстра услуги направени во хотелот

ПРЕГЛЕД НА ГОСТИ ВО ПРИСТИГНУВАЊЕ

Секогаш имате евиденција на гости кои ги очекувате да пристигнат и да се сместат во хотелот со податоци од каде е резервацијата (ОТА канали, локално направена или група).

ПРЕГЛЕД НА ЗАФАТЕНОСТ

Целосна евиденција на моментална состојба на хотелот, зафатеност на соби по типови и графички приказа на исполнетост на хотелот. Преглед на зафатеност на собите во одреден период
НАПЛАТА, КОНТРОЛА И ЕВИДЕНЦИЈА Наплата на сметки во зависност од типот на плаќање. Касови извештаи по денови, кумулативен во период и дијаграмски преглед на успешност – наплата
ПРЕГЛЕД НА ГОСТИ ВО ЗАМИНУВАЊЕ Секогаш имате евиденција на гости кои се одјавуваат во зададен период или датум при што можете да ги планирате приливите од наплата.
КАЛЕНДАР ЗА РЕЗЕРВАЦИИ Од апликацијата можете го следите целиот календар на зафатеност на хотелот во зададен период и по тип на резервација.
Со овој софтвер добивате алатка за изготвување про-фактури, фактури и наплата интегриран и  поврзан со софтверот ХОСПЕС.

ПРЕДНОСТИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА СОФТВЕРОТ

Брзо и едноставно формирање на секаков тип про-фактури

Изготвување секаков тип на фактури од хотелот што не се врзани со соби

Брзо и едноставно креирање на фактура од повеќе хотелски сметки

Намалување грешки при изготвување сложени пресметки за хотелски престој

Фактури со готовинска наплата

Евиденција на должници при затварање хотелски сметки од рецепција

Секогаш имате евиденција и преглед на состојба на фактурите

 

ИНТЕГРИРАН

Фактурирање е алатката која е интегриран дел од софтверското решение ХОСПЕС

ПОВЕЌЕ НАМЕНСКИ

Може да се користи за повеќе типови на фактури поврзани со хотелското работење  или за  друг вид на услуги од вашата компанија. Фактури со одложено плаќање или готовински фактури поврзано со фискалнен принтер

ЛЕСЕН ЗА КОРИСТЕЊЕ

Лесно управување и креирање на фактури (изготвување, корекции,  дополнување…). Фактурите можат да се креираат со пред-дефинирани секојдневни услуги и да се дополнат со потребни информации согласно вашето работење

АВТОМАТИЗИРАН

Поврзаноста на софтвериете за фактурирање и хотелското работење возможува да се изготат фактури со целосна и многу брза автоматска пресметка на повеќе селектирани хотелски сметки споени во една фактура.

ФИНАНСОВ ПОПИС

Преглед на долгувања и побарувања по клиенти и по издадени документи. Детална листа и картичка за секоја издадена фактура, картички по клиенти , преглед на должници, преглед на затворени фактури и многу други извештаи.

СЕКОГАШ ПРИСТАПНИ

Достапност до софтверот и кога не се присатни во хотелот.

Со овој софтвер добивате интегрирана алатка за менаџирање на соби за одржување, задачи за собарки, техничка

ПРЕДНОСТИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА СОФТВЕРОТ

Потполна евиденција на статус за секоја соба

Планирање на вработени за одржување и перална

Менаџирање на вработените за одржување соби

Следење на технички дефекти

Евиденција на МиниБар директно од соба

Навремено алармирање на неисправности

Намалување грешки при одржување и подредување на собите

Нема грешки при задавање задачи

UWP (Universal Windows Platform) & ANDROID APP

ИНТЕГРИРАН

HOUSE KEEPING е aлатката е интегриран дел од софтверското решение ХОСПЕС и БАРРЕСТО. Автоматски се менува статусот на собите со активностите на собаркитеи задолжување на  гостите со собни сметки од минибар сето тоа евидентирано од апликацијата за собарки директно од соба.

ПОВЕЌЕ НАМЕНСКИ

Истовремено користење  на софтверските алатки од менаџери, вработени од рецепција, собарки, техничка служба и материјално работење преку десктоп компјутери и мобилни уреди.

ЛЕСЕН ЗА КОРИСТЕЊЕ

Лесно управување и креирање на задачи (избор на собарки, тип на соба, приоритети итн.) Задачите можат да се задаваат однапред за секој ден.Можност за комуникација и испраќаат пораки од рецепција кон мобилната апликација за собарки.

АВТОМАТИЗИРАН И ПОВРЗАН

Поврзаноста на софтвериете за материјалното работење и хотелското работење овозможува секогаш да имате точна евиденција за статус на собите,  активности околу чистење на собите и состојба на залихите на минибар и магацин.

ЗАДАЧИ ЗА ТЕХНИКА СЛУЖА

Целосен преглед за настаната штета или друг тип на забелешки од собите. Евивиденција со слика и запис на настанот директно од мобилна апликација за собарки, доделување на задачи на техничка служба и извештај за статусот на пријавените дефекти.

Често поставувани прашања

Менаџерот/ите можат да користа мобилан апликација која во реално време ја покажува состојбата на угостителскиот објект од наплати, нарачки  и многу други опции.

Состојбата на сите артикли, влезот и излезот се ажурират во реално врме на работењто со што менаџерите можат во било кое време да имаат реална состојба на количините и да направат попис на робата во ресторанот/бар

Користењето на мобилната апликација за мобилен келнер многукратно ја убрзува услугата, се штеди на времто за враќање на шанк до работниот компјутер и може да се направат повеќе нарачки при една посета на масите со гости.

Секој вработен се регистрират од страна на менаџерите посебно и може да има многу различности во пристапите кон функциите на програмот. Сите тие улоги ги задава одгворното лице кое има пристап во делот на програмот за регистрирање на вработени.

Да можно е. Програмот нема ограничувања на бројот на маркер принтери. Може да се постават онолку мрежни принтери колку места за подготвока на артикли има угостителскиот објект. При нарачка на различни производи оддеднаш секој од артиклите ќе се пешати на соодветна локација (принтер) на  која што се подготвува.

Вработените можат да пристапат со внесување шифра или со посебни без-контактни чартички. Картичката за пристап овозможува тајност на шифрата, а вработените се  заштитени од несакани манипулации.

Изборнико за попустот е активен пред наплата на сметката и може да го гледа само вработенито за кој што е активирана опцијата. Попустот може да се регистрира преку безконтактни клиентски картички или со избирање на име на фирма за која има дефинирано ппопуст.

Со користење на модулот Kitchen System (систем за кујни/шанк), кујната или шанкот можат  да ги гледаат нарачките на екран во зависност од местото на подготвка на нарачаните артикли.

Да , таа опција многу корисна истата е овозможена преку системот за кујна/шанк.

Принтањето на фактури е многу лесно и автоматизирано при затварање на сметката за одреден клиен. Исто така имате можност да соберете повеќе отворени сметки за ист клиент и да направите збирана заедничка фактура.

Секој корисник на софтверот има различен пристап до модулите на софтверот. Менаџеро ги има максималните привилегии во сите модули на софтверот преку кои може да го управува и да ги користи за подесување на сите фази  на работење во угостителскиот објект.

Софтверот пружа одлична можност за резервации на маси. Резервациите можат да бидат изработени локално или директно од гостите со ON-Line апликација.

Софтерот е така креиран  да не пречат моментални интевенции или дополнување во тек на работното време со што овозможува додавање, менување корекции на артикли и мениа.

Софтверот за On-Line нарачки кој клиентите можат сами да го инсталираат е интегриран, синхронизиран  и поврзан со софтверто во ресторанот. Преку апликацијата е можна нарачка од надвор и истата да биде веднаш платена од страна на гостинот преку сигурносниот ситем за наплата со картички.

Наплата е решена детална и со многу функционалности, а една од нив е поделена наплата по тип на плаќање со што се обезедува брзо и едноставно затаварање и наплата на сметка во секоја комбинација по барање на гостите.

Имате дополнителни прашања во врска со софтверот? Ве молиме контактирајте не.

повелете, посетете не

Работно време

Понеделник -Петок 8:00-16:00
Техничка поддршка 24/7
Kонтакт тел: 070 262 072 и 071 209 021
Тел. за тех. поддршка: 070 387 386

Локација

ул. Дренак 5A / 10
1000, Скопје, Северна Македонија
info@bgsoft.mk
www.bgsoft.mk

powered by cyber38